0_Македонија.ПорталДописници МКДХроникаХроника.Портал

За брзо возење во Тетово 31 санкција, мотоциклист возел со 160 километри на час

Во рамки на вчерашната акција за контрола на брзината полицијата во Тетово со помош на радар открила и санкционирала мотоциклист кој возел 160 километри на час. За два часа изречени се 31 санкција.

Тетово, 3 февруари 2021 (МИА) – Во рамки на вчерашната акција за контрола на брзината полицијата во Тетово со помош на радар открила и санкционирала мотоциклист кој возел 160 километри на час. За два часа изречени се 31 санкција.

-Меѓу санкционираните е и мотоциклист кој по оваа улица се движел со 160 километри на час, како и патнички моторни возила чија брзина била над 130 километри на час. На сите прекршители изготвени им се соодветни платни налози, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово

Тетовската полициска станица за безбедност на патниот сообраќај вчеравечер од 22 до 24 часот, со користење на т.н. „ноќен радар“, ја спровела засилената  контролна  активноста за санкционирање на возење со недозволена брзина.

-Контролата е извршена на улицата „Маршал Тито“ во Тетово, на потегот од Монопол кон приклучокот на автопат, во која вкупно биле откриени и санкционирани 31 пречекорувањe на максимално дозволената брзина. Од нив, 10 пречекорувања биле за над 50 километри на час, а 21 од 30 до 50 километри на час, рече Јосифоски.

Санкционирани се и девет други видови прекршоци, меѓу кои четири лица кои ги управувале возилата без возачки дозволи.ас/вј/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close