0_Македонија.ПорталОпштество

Зајакнување на контролата на прекуграничното движење на отпадот предмет на дискусија на министерот Нуредини и неговиот бугарски колега Димитров

Министерот за животна средина и води на Република Бугарија, Емил Димитров, при денешната посета на Министерството за животна средина и просторно планирање, изрази подготвеност за соработка со Република Северна Македонија во контролата на прекуграничното движење на отпадот и увери дека Република Бугарија од своја страна ќе се заложи за спречување на влезот на пратки РДФ отпад од нивна територија во нашата држава.

Скопје, 17 февруари 2020 (МИА) – Министерот за животна средина и води на Република Бугарија, Емил Димитров, при денешната посета на Министерството за животна средина и просторно планирање, изрази подготвеност за соработка со Република Северна Македонија во контролата на прекуграничното движење на отпадот и увери дека Република Бугарија од своја страна ќе се заложи за спречување на влезот на пратки РДФ отпад од нивна територија во нашата држава.

-На средбата со министерот Насер Нуредини и дел од раководниот тим на Министерството, присуствуваше и директорот на Царинската управа на РСМ, Ѓоко Танасоски. Разговорот беше фокусиран на начинот на воспоставување и отпочнување со работа на Заедничката комисија за соработка во повеќе прашања од интерес за заштитата на животната средина. Како приоритет се поставија актуелните прашања поврзани со прекуграничната контрола на отпадот, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Министерот Димитров нагласи дека скорешните случувања и откритија на сомнителни меѓународни движења на пратки со отпад во Бугарија, се случаи кои претставуваат незаконски активности на поединечни лица и не ја доведуваат во прашање меѓудржавната соработка помеѓу двете земји.

Двете страни се согласија да ја продлабочат соработката во правец на зајакнување на системот на контрола на граничните премини и добра комуникација на царинските служби и одговорните институции.

Покрај тоа, Министерот Димитров ја искажа целосната подготвеност и заложба на бугарските колеги да ги пренесат своите искуства од претпристапниот период на Бугарија кон ЕУ. сст/скс/

 

Back to top button
Close
Close