БалканБалкан.ПорталДописници Свет

За 13 дена во Грција изречени казни од над три милиони евра поради прекршување на забраната за движење

Над три милиони евра достигнуваат казните изречени од грчката полиција за несовесните граѓани за прекршување на забраната за движење во изминатите 13 дена, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 5 април 2020 (МИА) – Над три милиони евра достигнуваат казните изречени од грчката полиција за несовесните граѓани за прекршување на забраната за движење во изминатите 13 дена, јави дописничката на МИА од Атина.

Од 23 март 2020 година, кога мерката стапи во сила, заклучно со вчера, грчката полиција регистрирала вкупно 20.084 прекршувања и биле изречени исто толку казни од 150 евра, со што вкупниот износ е 3.012.600 евра.

Средствата собрани од казните за несовесните граѓани, предвидено е да се искористат за поддршка на здравствениот систем во Грција.

Во текот на вчерашниот ден, веројатно поради лошото време во земјата, регистрирани се значително помал број прекршувања во споредба со претходните денови.

Вчера, биле казнети само 974 лица, наспроти 1.773 во петокот и 2.247 во четвртокот.

Контролите на грчката полиција се однесуваат на неоправданите движења на граѓаните, односно излегување без конкретна причина и без потребна потврда.

Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Лефтерис Иконому, говорејќи за грчката телевизија „Мега“,рече дека мнозинството од граѓаните сфаќаат дека е неопходно да седат дома, а паралелно откри дека поради коронавирусот и воведените мерки, криминалот во земјата е намален за над 30 проценти. ср/

Таг
Back to top button
Close
Close