СветСвет.Портал

Вулкан на Алеутските острови исфрли пепел

Вулканот Шишалдин на Алеутските острови денеска исфрли пепел во висина на околу седум километри, соопшти Опсерваторијата за вулкани на Aлјаска.

Вашингтон, 4 јануари 2020 (МИА) – Вулканот Шишалдин на Алеутските острови денеска исфрли пепел во висина на околу седум километри, соопшти Опсерваторијата за вулкани на Aлјаска.

Вулканот се наоѓа на околу илјада километри југозападно од Енкориџ, на островот Унимак, најголем на Алеутите, кој припаѓа на Алјаска.

На падините е селото Фолс Пас, во кое живеат 40 луѓе.

Научникот од Универзитетот во Алјаска, Дејвид Фи рече дека облакот од пепел исфрлен од вулканот не претставува опасност за селото.

Ерупцијата на вулканот Шишалдин, висок 2.857 метри, ја снимиле сателити и неколку пилоти, а Националната метеоролошка служба издаде предупредување за летови над 7.300 метри, поради лошата видливост. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close