БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Вучиќ во телефонскиот разговор со Мишел се заблагодарил на помошта на ЕУ

Српскиот претседател Александар Вучиќ и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел се согласија дека дури и во услови на пандемија на новиот коронавирус, се покажало дека Европска Унија и Западен Балкан се упатени едни на други, соопштија од прес-службата на претседателот на Србија

Белград, 6 мај 2020 (МИА) – Српскиот претседател Александар Вучиќ и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел се согласија дека дури и во услови на пандемија на новиот коронавирус, се покажало дека Европска Унија и Западен Балкан се упатени едни на други, соопштија од прес-службата на претседателот на Србија.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, за време на телефонскиот рзговор, Вучиќ се заблагодарил за значајната помош од ЕУ на српските граѓани и порачал дека Белград го продолжува реформскиот процес со цел членство во Унијата.

Мишел ја истакна солидарноста што Србија ја покажала со обезбедувањето помош на граѓаните на Италија и помагањето на Западен Балкан.

Претседателот на Европскиот совет оцени дека ЕУ е посветена на европската перспектива на Западен Балкан и натамошното зајакнување на поддршката за политички, економски и социјални реформи во регионот и потсети дека Унијата издвоила 3,3 милијарди евра за помош на регионот.

– Вучиќ и Мишел разговараа и за регионалната состојба и ја истакнаа посветеноста на Србија за мир и политика на соработка во Западен Балкан, се наведува во соопштението. об/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close