Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Вучиќ: Србите имаат една црква каде и да живеат

Српскиот претседател Александар Вучиќ за време на посетата на Мркоњиќ Град, во БиХ, изјави денеска дека сите Срби, каде и да живеат, припаѓаат на еден народ и имаат само една црква.

Белград, 29 јануари 2020 (МИА) -Српскиот претседател Александар Вучиќ за време на посетата на Мркоњиќ Град, во БиХ, изјави денеска дека сите Срби, каде и да живеат, припаѓаат на еден народ и имаат само една црква.

– За мене е иста порака за Србите, без разлика дали живеат во Црна Гора, Република Српска или Федерацијата на БиХ,  ние сме еден народ и имаме една црква … Во време кога некои се обидуваат да ни го одземат идентитетот, јас тоа го повторувам на секое место, кажа Вучиќ.

Тој додаде дека знае дека принципот на секуларното владеење претпоставува одвојување на црквата и државата, и дека не сака да се меша во црковните теми, но тука не се работи за духовна поврзаност со Бога, туку се работи за национален идентитет.

-На оние кои би сакале да ја искоренат српската црква, да направат некои други, порачувам: нашата црква е српска и немојте да ни го искоренувате нашиот народ, кажа српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој истакна дека српскиот народ денес насекаде го напаѓаат како нација која наводно сака нешто повеќе од она што и припаѓа, иако Србите, се вкоренети во таа областа и на други места каде живеат, порача Вучиќ од Мркоњич Град. об/сд/

Back to top button
Close
Close