БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Вучиќ со барање за откажување на сите предизборни собири на СНС, опозицискиот СзС со исто барање за сите јавни собири

Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе ги откаже сите изборни митинзи на неговата Српската напредна странка (СНС) до 1 април, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот и заради превентивни мерки.

Белград, 11 март 2020 (МИА) – Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе ги откаже сите изборни митинзи на неговата Српската напредна странка (СНС) до 1 април, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот и заради превентивни мерки.

Денеска и опозицискиот Сојуз за Србија (СзС) ја повика српската Влада веднаш да донесе одлука за забрана на јавни собири, привремено да ги затвори сите предучилишни и училишни установи и факултети, најмалку три недели и да препорача сите претпријатија да им овозможат на вработените да работат од дома со цел да ги заштитат жителите од ширењето на вирусот Ковид-19.

Од СзС, исто така, наведоа дека ги откажале сите планирани митинзи во кампањата за бојкот на изборите, започнувајќи со собирот најавен за денеска во Куршумлија. об/ссм/

Back to top button
Close
Close