Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Вучиќ: САД нема да се откажат од притисокот, некои земји од ЕУ имаат симпатии за Курти

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека е сигурен дека Вашингтон нема да се откаже од притисокот врз Приштина да ги укине таксите, но додаде дека во некои европски земји постојат одредени симпатии кон Албин Курти, кој инаку не е дел од преговорите и иницијативите што ги водат САД.

Белград, 9 март 2020 (МИА) – Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека е сигурен дека Вашингтон нема да се откаже од притисокот врз Приштина да ги укине таксите, но додаде дека во некои европски земји постојат одредени симпатии кон Албин Курти, кој инаку не е дел од преговорите и иницијативите што ги водат САД.

-Сигурен сум дека Вашингтон нема да се воздржи од барањето за исполнување на условите за почеток на дијалогот Белград-Приштина, изјави Вучиќ по посетата на на фабриката за оружје Крушик во Ваљево, одговарајќи на прашањето дали може да се очекува посилен притисок од Вашингтон во наредните денови.

На прашањето дали верува да Курти има силна поддршка од ЕУ, со оглед на тоа што таксите сè уште не се укинати, Вучиќ кажа дека не постои сомнеж да во некои европски земји постојат симпатии кон Албин Курти, додавајќи дека такви симпатии имало и кај дел од јавноста во Србија.

-Се додека човекот не започна да зборува за формирањето на Голема Албанија, сега се малку засрамени што го поддржаа кога победи на изборите, но тоа помина… Медениот месец секогаш трае кратко време, кажа Вучиќ. об/сд/

Back to top button
Close
Close