БалканБалкан.Портал

Вучиќ: Ќе бидат заострени мерките, јас сум за полициски час

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека утре ќе заседава Кризниот штаб и веројатно нема да биде воведен полициски час, но мерките ќе бидат заострени во Белград, нагласувајќи дека не добил поддршка да се воведе полициски час, но тој и понатаму смета дека тоа треба да се направи.

Белград, 8 јули 2020 (МИА) – Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека утре ќе заседава Кризниот штаб и веројатно нема да биде воведен полициски час, но мерките ќе бидат заострени во Белград, нагласувајќи дека не добил поддршка да се воведе полициски час, но тој и понатаму смета дека тоа треба да се направи.

Вучиќ на прес-конференција истакна дека во последните 24 часа се потврдени 357 новозаразени, а 11 луѓе починале.

Според него, Белград е најголем проблем и бројот на заболените се зголемува, а во врска со мерките имал тешки разговори со премиерката Ана Брнабиќ и со министерот за здравство Златибор Лончар.

Тој укажа дека и понатаму смета оти полицискиот час е неопходен, имајќи ја предвид тежината на ситуацијата и дека во болниците веќе нема место, но и дека за забрана на движењето е потребно да се воведе вонредна состојба.

– На овој начин се плашам дека им одиме на рака на сите кои сакаат да им се додворат на луѓето, а тоа нема да доведе до брзо оздравување и спречување на заразата, предупреди Вучиќ, додавајќи дека морал јавно да го изнесе својот став, па дури и да биде мета на напад.

Шефот на српската држава изјави дека „ќе го почитува и прифати мислењето на струката, дури и по она што се случи синоќа“, објаснувајќи дека силата на неговиот тим е во тоа дека не одлучува тој сам, туку го почитува мнозинството и колегите. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close