Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Вучиќ: Два концепта за влада, ако биде концентрациона – избори за година и половина

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска најави дека ќе и предложи на Српската напредна партија (СНС), чиј лидер е тој, два концепта за формирање влада, од кои првиот е проста коалиција со една партија, а вториот концепт е еден вид концентрациона Влада, по што за година и половина ќе се оди на нови парламентарни избори

Белград, 14 август 2020 (МИА) – Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска најави дека ќе и предложи на Српската напредна партија (СНС), чиј лидер е тој, два концепта за формирање влада, од кои првиот е проста коалиција со една партија, а вториот концепт е еден вид концентрациона Влада, по што за година и половина ќе се оди на нови парламентарни избори.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Вучиќ за ТВ Пинк изјави дека е поблизу до концептот на проста коалиција со една партија, но не сакаше да прецизира за која партија станува збор.

– Јас сум поблизу до тој концепт, но уште ќе проценувам. Вториот концепт се однесува на еден вид концентрациона влада поради ситуацијата околу Косово, вториот бран на коронавирусот што се очекува на есен и потребата да се справиме со проблемите создадени од глобалната економска криза, истакна српскиот претседател.

Тој кажа дека за формирањето на влада не се занимава со математика, туку со политика и дека разгледува што ќе се случи во Европа и во светот со цел да се најде најдоброто решение за Србија, најавувајќи дека наскоро ќе го објави својот предлог.

За ситуацијата со Ковид-19, Вучиќ оцени дека се таа подобрува во Србија, додека во исто време во Европа се влошува.

Говорејќи за мерките на Србија за другите земји, тој кажа дека на прво место е здравјето, но исто така изјави дека мора да се води грижа за тоа кој и вовел мерки на Србија, затоа што некои вовеле мерки кога ситуацијата била добра, а некои не ги воведоа дури и кога ситуацијата беше најлоша. об/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close