0_Спорт.ПорталФудбал

Второ куп финале за Лајпциг во последните три години

Во полуфинален натпревар од германскиот куп, Лајпциг синоќа на гостински терен го победи Вердер Бремен со 2:1 по продолженија. Избраниците на тренерот Јулијан Нагелсман се пласираа во финалето на турнирот.

Бремен, 1 мај 2021 (МИА) – Во полуфинален натпревар од германскиот куп, Лајпциг синоќа на гостински терен го победи Вердер Бремен со 2:1 по продолженија. Избраниците на тренерот Јулијан Нагелсман се пласираа во финалето на турнирот.

Лајпциг стигна до финалето на Купот на Германија втор пат во последните три години. Во 2019 тимот загуби од Баерн (0:3).

Пред тоа, Лајпциг кој е основан во 2009 година, никогаш не се пласираше во финалето.

Нагелсман, кој го предводи Лајпциг од 2019 година, на крајот на сезоната ќе замине во Баерн Минхен.

Во второто полуфинале денес Борусија Дортмунд ќе се соочи со Холштајн Кил. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close