0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Втора вонредна крводарителска акција во Велес, собрани 63 крвни единици

Во денешната втора вонредна крводарителска акција организирана од Општинскиот Црвен крст во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и со поддршка од Општина Велес и Народниот музеј, собрани се 63 крвни единици исто колку и на првата вонредна акција одржана на 15 април.

Велес, 21 мај 2020 (МИА) – Во денешната втора вонредна крводарителска акција организирана од Општинскиот Црвен крст во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и со поддршка од Општина Велес и Народниот музеј, собрани се 63 крвни единици исто колку и на првата вонредна акција одржана на 15 април.
Како што информира за МИА, Орце Николов секретар на Општинскиот Црвен крст информира дека  и на оваа Втора вонредна  крводарителската акција се применуваа сите стандарди и процедури за безбедност согласно состојбата во која се наоѓаме.
-Велешките крводарители со денешниот одличен биланс како и многу пати ја искажаа својата хуманост на дело и потврдија дека заслужно се на првото место по бројот на крводарувања во земјава во 2019 и 2018 како и низа години претходно, потенцира Николов.
Собрани крвни едници ќе бидат оденесени во Институтот за трансфузиона медицина во Скопје, а оттаму ќе бидат распределени за потребите на пациентите за клиниките во Скопје и болниците во земјава.

Инаку, втората вонредна крводарителска акција во Велес како и првата се одржа поради вонредната состојба во земјава која предизвика многу мало ниво на залихи од крвни единици во сите станици за трансфузилогија во земјава. ад/вг/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close