Дописници МКДОпштински вести

Втора терестичка дезинсекција во Куманово

Општина Куманово информира дека во сабота ќе се спроведе уште една терестичка адултицидна дезинсекција на територијата на општината.

Куманово, 24 јуни 2020 (МИА) – Општина Куманово информира дека во сабота ќе се спроведе уште една терестичка адултицидна дезинсекција на територијата на општината.

– На ден 27.06.2020 (сабота), ДПТУ ПЛАНТ МЕДИКА во соработка со Општина Куманово ќе ја реализира втората терестичка дезинсекција на подрачјето на Град Куманово за уништување на возрасните форми на комарци, најавија од општината.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени 200 хектари површина по течение на реките Кумановка, Липковка, Којнарка.

Дезинсекцијата ќе се изврши во раните утрински часови со почеток од 01.00 часот по полноќ, но само ако временските услови се поволни. Во случај на ветер или дожд, дезинсекцијата ќе се одложи за наредниот или деновите кога условите ќе се стабилизираат.

– За дезинсекцијата ќе се употреби средството KULFAK 50 EC во концентрација пропишана од производителот по упатство за употреба. Граѓаните и пчеларите да си преземат соодветни заштитни мерки, нагласуваат од општината. Ова е втора терестичка дезинскеција во тековната година.ам/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close