Оригинални текстови

Втора редовна седница на Владата

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа редовната втора седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

Скопје, 8 јануари 2020 

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа редовната втора седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На оваа седница Владата донесе одлука за одобрување на средства од резервите на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, во висина од 6.000.000,00 денари за доделување на помош за настраданите од пожарите кои ја зафатија Австралија, која да се смета за донесена на оваа седница на Владата.

Во функција на редовното работење, согласно законските обврски за донесување на програмите за работа на почетокот на секоја календарска година, на денешната седница беа разгледани и усвоени програми за работа на повеќе министерства, јавни претпријатија, агенции и акционерски друштва во државна сопственост.

Владата денеска ја усвои Предлог – програмата за развој на туризмот на Република Северна Македонија за 2020 година, како и годишната програма за финансирање на изработка на урбанистички планови, регулациски планови на генерални урбанистички планови, урбанистичко – планска документација и урбанистичко – проектна документација во Република Македонија за тековната година.

На предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање на седницата е усвоена и Програмата за заштита на природата за 2020 година, како и Програмата за рамномерен регионален развој за оваа година на Министерството за локална самоуправа.

Согласно законските обврски за донесување на програмите за работа на почетокот на секоја календарска година, на денешната седница, на предлог на Министерството за здравство, се усвоени Националната годишна програма за јавно здравје во Република Северна Македонија за 2020 година, Програмата “Здравје за сите” за тековната година, Програмата за рана детекција на малигни заболувања и Програмата за трансплантација во Република Северна Македонија за 2020 година.

Влада на Република Северна Македонија 

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close