Дописници МКДМКДОпштински вести

Втора крводарителна акција во РЕК „Осломеј“ годинава

При втората крводарителна акција организирана во најголемиот стопански капацитет во Кичево, РЕК „Осломеј“, беа собрани 8 единици на крв.

Кичево, 13 септември 2021 (МИА) – При втората крводарителна акција организирана во најголемиот стопански капацитет во Кичево, РЕК „Осломеј“, беа собрани осум единици на крв.

Од Општинската организација на Црвениот крст Кичево, посочуваат дека малиот одзив на вработените од Осломеј се должи на пандемијата која е присутна во градот и вакцинацијата која е во полн ек.

– Во дванаесеттата крводарителна акција спроведена годинава, втора во РЕК „Осломеј“, одзивот на вработените во овој најголем стопански капацитет во нашата општина беше мал и собрани се само 8 единици од најдрагоцената течност. Причините за малиот одзив на вработените се големиот број на инфицирани со Ковид-19 во општината, како и периодот на зголемен број на вакцинирани против Ковид-19, кои во првите четири недели по вакцинацијата не можат да даруваат крв, додека, дел заинтересирани вработени беа вратени поради одредени здраствени проблеми, како висок притисок и друго, нагласи  Лазеска.

Таа посочи дека до сега во оваа календарска година се собрани 680 единици на крв, и во преостанатите нешто повеќе од три месеци, се очекува да биде надмината бројката од 1 000 крводарувања, што е слична бројка со реализираните крводарувања во последните неколку години. за/ар/

Таг
Back to top button
Close
Close