Дописници МКДОпштински вести

Втор заболен од Ковид-19 за неполни два дена во Делчево

Уште еден заболен од Ковид-19 е регистриран вчера во Делчево. Од Здравствениот дом во Делчево информираа дека пациентот е згрижен во Штипската клиничка болница, каде се опоравува.

Делчево, 14 август 2020 (МИА) – Уште еден заболен од Ковид-19 е регистриран вчера во Делчево. Од Здравствениот дом во Делчево информираа дека пациентот е згрижен во Штипската клиничка болница, каде се опоравува.

-Од вчера имаме нов случај на пациент, чиј тест е позитивен на коронавирус. Пациентот е во болница и бил во контакт со претходно заболената, која исто така е хоспитализирана. На двајцата им посакуваме поскоро оздравување. Се надеваме дека нема да има нови други случаи, но апелираме да не се крева паника и да се почитуваат мерките за заштита од Ковид-19, истакнаа од Здравствениот дом во Делчево.

Од таму додадоа дека се утврдуваат контактите на двата случаи и се чекаат резултати од тестирањата.

Ова е втор активен случај за неполни два дена во Делчево. Во околните општини, во Берово седум лица се позитивни на Ковид-19. вс/рп/

Back to top button
Close
Close