ЕвропаЕвропа.Портал

Втор ден затворен еден од најпрометните аеродроми во Шпанија

Аеродромот во шпанскиот туристички град Аликанте, преку кој многу туристи доаѓаат во регионот крај брегот на Средоземното Море, е затворен и денеска по пожарот на покривот кој сè уште не е целосно изгаснат, објави Аена, компанијата што управува со аеродромот.

Аликанте, 16 јануари 2020 (МИА) – Аеродромот во шпанскиот туристички град Аликанте, преку кој многу туристи доаѓаат во регионот крај брегот на Средоземното Море, е затворен и денеска по пожарот на покривот кој сè уште не е целосно изгаснат, објави Аена, компанијата што управува со аеродромот.

– Пожарот е под контрола, но не е изгаснат, противпожарните екипи и натаму работат, изјави портпаролката на Аена.

Таа додаде дека отворањето се очекува подоцна во текот на денот, но не прецизира колку летови се изменети од затворањето на аеродромот.

Пожарот, кој избувна вчера и чии причини засега се непознати, доведе до евакуација на патниците и персоналот, како и откажување на летовите или пренасочување на авионите кон другите аеродроми. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close