0_Спорт.ПорталКошарка

ВТБ-лигата прогласи крај на сезоната без шампион

Раководството на ВТБ-лигата прогласи предвремен крај на сезоната поради пандемијата на Ковид-19. Ова е епилог од вчерашниот состанок од кој челниците денеска излегоа и со уште една важна одлука - дека нема шампион.

Москва, 27 март 2020 (МИА) – Раководството на ВТБ-лигата прогласи предвремен крај на сезоната поради пандемијата на Ковид-19. Ова е епилог од вчерашниот состанок од кој челниците денеска излегоа и со уште една важна одлука – дека нема шампион.
Многумина сметаат дека ваквиот расплет е голем удар на екипата на Химки, која во моментот на прекин на лигата имаше три победи повеќе од ЦСКА Москва, беше лидер на табелата и очекуваше специјална покана од Евролигата за наредната сезона.
„Армејците“ и онака имаа А-лиценца за учество во Евролигата, но Химки се надева на награда за скорот од 18-1 во регионалното кошаркарско натпреварување во некомплетната 2019/2020 сезона. сѓд/

Таг
Back to top button
Close
Close