0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталОпштество

Врнежите ги зголемија водостоите на реките

Интензивните врнежи што деновиве ја зафатија земјава ги зголемија водостоите на реките. Хидролошките мерења бележат неколкукратни покачувања, особено на Вардар, Треска, Пчиња и Црна.

Скопје, 7 август 2020 (МИА) – Интензивните врнежи што деновиве ја зафатија земјава ги зголемија водостоите на реките. Хидролошките мерења бележат неколкукратни покачувања, особено на Вардар, Треска, Пчиња и Црна.

Екстремно зголемување во однос на месечниот просек покажува Бабуна чиј водостој кај Богомила денеска е 34 сантиметри за разлика од вообичаените минус еден сантиметар во овој период од годината.

Според УХМР, и покрај дождовите, сепак има реки со ниво под просекот за август – Сатеска, Крива Река и Струмица.

Состојбата на езерата, Охридско, Преспанско и Дојранско, не е променета. мч/ац/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close