СветСвет.Портал

Врховниот суд во САД гласаше во корист на администрацијата на Трамп за нелегалните мигранти

Врховниот суд во САД и олесни на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп брзо да ги депортира нелегалните имигранти.

Вашингтон, 25 јуни 2020 (МИА)Врховниот суд во САД и олесни на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп брзо да ги депортира нелегалните имигранти.

Судиите, со седум гласа „за“ и два „против, донесоа одлука во корист на администрацијата на Трамп, која се однесува на нејзината жалба против пресудата на судот од пониска инстанца дека земјоделецот од Шри Ланка, Вијајакумар Тураишигиам има право федералниот суд да ја преиспита владината одлука за неговото барање за азил.

Одлуката, напишана од конзервативниот судија Самуел Алито, вели дека ограничувањето на судскиот преглед на неговата брза депортација не ги крши клучните уставни одредби за заштита на слободата на поединецот.

Како што пренесуваат странските агенции, со овој чин судиите ја обезбедија победата на Трамп во едно важно прашање за него во предизборната година. паг/

 

 

Таг
Back to top button
Close
Close