0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Врховниот суд треба активно да се вклучи во реформите во правосудството, заклучија Маричиќ и Арслани

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска се сретна со в.д. претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Фаик Арслани.

Скопје, 10 септември 2020 (МИА) – Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска се сретна со в.д. претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Фаик Арслани.

На средбата, како што соопшти Министерството за правда, се дискутирало околу спроведувањето на реформите и состојбите во правосудството, како и воедначување и подобрување на судската пракса.

Министерот Маричиќ истакнал дека очекува активно учество на Врховниот суд на Република Северна Македонија како највисока судска инстанца во државата и нејзино вклучување во реформите во правосудството. дма/ац/

Back to top button
Close
Close