0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанато

Временските услови ниту денес не дозволија почеток на скијачкиот Мундијал

Ниту вториот обид на организаторите за старт на Светското првенство во алпско скијање не беше успешен, откако маглата не дозволи одржување на денешниот женски супервелеслалом во Кортина д'Ампецо.

Кортина д’Ампецо, 9 февруари 2021 (МИА) – Ниту вториот обид на организаторите за старт на Светското првенство во алпско скијање не беше успешен, откако маглата не дозволи одржување на денешниот женски супервелеслалом во Кортина д’Ампецо.

Четириесет и четирите натпреварувачки беа на патеката во италијанскиот зимски центар, но по неколкуте одлагања и поместувањето на стартното место, сепак немаше услови за безбедна трка.

Така, по одложената вчерашна комбинација, ниту денес нема трка на Мундијалот.

Доколку условите дозволат, првата трка на СП во Кортина ќе се случи утре во 10 часот за кога е закажан спустот во машката комбинација.

Женскиот супервелеслалом ќе добие нов термин, а многу е веројатно тој да се случи в четврток заедно со машкиот супервелеслалом. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close