Временска прогноза

Временска прогноза

Времето во земјава ќе биде сончево со умерена, а повремено со значителна облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Скопје, 24 ноември 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево со умерена, а повремено со значителна облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 5 до 2, а дневната од 8 до 15 степени.

Во Скопје, умерено до значително облачно со умерен до засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус 1, а дневната ќе достигне до 10 степени.

Во следните денови продолжува стабилното и сончево време со ниски утрински температури. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла и таму температурата ќе остане пониска во текот на денот.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close