Временска прогноза

Временска прогноза

Времето во земјава ќе сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Скопје, 20 септември 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од 6 до 16, а дневната од 24 до 29 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 28 степени.

Следува период на претежно стабилно време со пониски утрински температури. Во вторник и во среда, особено во западните делови ќе има развој на нестабилна облачност и услови за појава на повремен дожд и ретки грмежи.

Back to top button
Close
Close