Временска прогноза

Временска прогноза

Времето во земјава ќе биде сончево со мала локална облачност и посвежо. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер кој наместа ќе надминува брзина од 70 км/час.

Скопје, 4 септември 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево со мала локална облачност и посвежо. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер кој наместа ќе надминува брзина од 70 км/час.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 21, а дневната од 23 до 31 степен.

Во Скопје, претежно сончево со засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе достигне до 26 степени.

Во следните денови ќе се задржи претежно сончево време, но со посвежи утра. Дневната температура од недела ќе биде во пораст.

Back to top button
Close
Close