Временска прогноза

Временска прогноза

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, преку денот најизразен ќе биде во источните делови на земјава и вдолж Повардарието.

Скопје, 13 јули 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, преку денот најизразен ќе биде во источните делови на земјава и вдолж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 23 до 31 степен.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и ветровито. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе спушти до 16, а дневната ќе достигне 27 степени

Во вторник времето ќе биде сончево со пониски утрински температури, а потоа ќе се задржи сончево и потопло време, но во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close