Временска прогноза

Временска прогноза

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во планинските региони на запад ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој преку денот најизразен ќе биде вдолж Повардарието.

Скопје, 12 јули 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во планинските региони на запад ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој преку денот најизразен ќе биде вдолж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 21, а дневната од 27 до 36 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и ветровито. Ќе дува засилен северен ветер. Утринската температура ќе спушти до 18, а дневната ќе достигне 30 степени

Од понеделник продолжува периодот на стабилно време. Засилениот ветер што ќе дува утре ќе продолжи и во понеделник, а тоа ќе услови опаѓање на температурата за околу 5 степени утре на северот, а во понеделник насекаде низ земјава.

Back to top button
Close
Close