0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталВременска прогнозаОпштество

Сончево со умерена облачност, попладне краткотраен дожд

Времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Скопје, 24 јуни 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 23 до 31 степен. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи 16 и 19, а максималната ќе достигне 26 степени.

Од четврток до сабота повторно во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Температурите ќе бидат во пораст, особено за време на викендот и во почетокот на идната седмица.скс/са/

Back to top button
Close
Close