Временска прогноза

Временска прогноза

Времето во земјава ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен, повремено засилен северен ветер. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Скопје, 27 мај 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен, повремено засилен северен ветер. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 3 до 12, а дневната од  15 до 22 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен, повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 8, а дневната ќе достигне до 19 степени.

Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close