Временска прогноза

Временска прогноза

Времето во земјава ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни попладне и во текот на ноќта (над 25 л/м2). Локално, особено во јужните делови ќе има појава на нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и повремено силен ветер (над 80 км/час).

Скопје, 7 март 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни попладне и во текот на ноќта (над 25 л/м2). Локално, особено во јужните делови ќе има појава на нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и повремено силен ветер (над 80 км/час).

Утринската температура ќе се движи од 2 до 8 степени, а дневната од 5 до 16 степени.

Во Скопје облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни попладне и во текот на ноќта. Утринската температура ќе се спушти до 5, а дневната ќе достигне до 11 степени.

Во недела на планините врнежите ќе бидат од снег. Во текот на идната недела ќе настапи стабилизирање на времето.

Back to top button
Close
Close