Некатегоризирано

Временска прогноза

Времето во Република Северна Македонија ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди и со умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Скопје, 8 февруари 2020 (МИА) – Времето во Република Северна Македонија ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди и со умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус 9 до минус 4, а дневната од 0 до 7 степени.

Во Скопје променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец.  Утринската температура ќе се спушти до минус 6, а дневната ќе достигне до 7 степени.

Во наредниот период стабилно време со постепен пораст на дневната температура.

Back to top button
Close
Close