Временска прогноза

Временска прогноза

Во Република Северна Македонија претпладне на места се уште ќе има врнежи од снег со послаб интензитет и ќе има појава на голомразица. Преку денот ќе дува повремено силен ветер (60 до 80 км/час) кој ќе предизвика појава на снежни наноси.

Скопје, 6 февруари 2020 (МИА) – Во Република Северна Македонија претпладне на места се уште ќе има врнежи од снег со послаб интензитет и ќе има појава на голомразица. Преку денот ќе дува повремено силен ветер (60 до 80 км/час) кој ќе предизвика појава на снежни наноси.

Утринската температура ќе се движи од минус 10 до 1, а дневната од минус 7 до 5 степени.

Во Скопје облачно, студено и ветровито.  Утринската температура ќе се спушти до минус 2, а дневната ќе достигне до 2 степени.

До сабота ќе преовладува променливо облачно и студено време, а од недела се очекува постепено затоплување.

Back to top button
Close
Close