Временска прогноза

Временска прогноза

Времето во западните делови во Република Северна Македонија ќе биде претежно облачно, а во источните сончево со умерена облачност. По одделни котлини ќе има услови за утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец.

Скопје, 25 јануари 2020 (МИА) – Времето во западните делови во Република Северна Македонија ќе биде претежно облачно, а во источните сончево со умерена облачност. По одделни котлини ќе има услови за утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 9 до минус 2, а дневната од 5 до 13 степени.

Во Скопје умерено облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус 7, а дневната ќе достигне до 6 степени.

Во недела попладне, во текот на ноќта и во понеделник ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег. И во текот на следната седмица ќе има услови за повремени врнежи, претежно во западните делови.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close