Општински вестиСкопје

Времен сообраќаен режим на улица „Александар Урдаревски“

Град Скопје известува дека поради реконструкција на коловозот на  улицата „Александар Урдаревски“ во општина Бутел, од утре на оваа сообраќајница ќе биде воведен времен режим на сообраќај.

Скопје, 26 мај 2020 (МИА) – Град Скопје известува дека поради реконструкција на коловозот на  улицата „Александар Урдаревски“ во општина Бутел, од денеска на оваа сообраќајница ќе биде воведен времен режим на сообраќај.

Времената измена на режимот на сообраќај ќе биде означена со посебна сигнализација и ќе се однесува на потегот од кружниот тек на  крстосницата со улица „Боца Иванова“, до крстосувањето со улица „Бутелска“.  Ваквиот режим ќе важи до завршување на градежните работи на улица „Александар Урдаревски“, информираат од Град Скопје.

Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот. ир/цр/

Таг
Back to top button
Close
Close