Kultura.SlajderКултураКултура.Портал

„Врба“ со 30 000 гледачи и прикажан во 20 градови во земјава

Продукцијата „Банана филм“ соопшти дека „Врба“ на режисерот Милчо Манчевски го надминал бројот од 30 000 гледачи.

Скопје, 17 јануари 2020 (МИА) – Продукцијата „Банана филм“ соопшти дека „Врба“ на режисерот Милчо Манчевски го надминал бројот од 30 000 гледачи.

– Тоа е рекорд и ова е најгледан филм во државата за 2019, надминувајќи ги и холивудските блокбастери. „Врба“ е и најгледан македонски филм во последниве години. Минатиот месец од „Синеплекс“ објавија дека „Врба“ е најгледаниот филм во нивната историја воопшто. Дистрибутерот го прикажа филмот во над 20 градови во државава. Од неодамна „Врба“ се прикажува во Кинотека, сооппшти продукцијата.

Светската премиера на шестиот игран филм на Манчевски беше во октомври на Римскиот филмски фестивал. Македонската премиера беше на 1 ноември и оттогаш се прикажува во киносалите низ земјава. хс/сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close