Kultura.SlajderКултураКултура.Портал

„Врба“ на фестивалска турнеја во Европа и САД

Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски ја продолжува фестивалската турнеја со прикажување на уште четири познати европски и светски фестивали - ФЕСТ во Белград, „Синеквест“ во САД, „Фантаспорто“ во Португалија и на фестивалот во Софија.

Скопје, 24 јануари 2020 (МИА) – Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски ја продолжува фестивалската турнеја со прикажување на уште четири познати европски и светски фестивали – ФЕСТ во Белград, „Синеквест“ во САД, „Фантаспорто“ во Португалија и на фестивалот во Софија.

На претстојниот 48. Меѓународен филмски фестивал ФЕСТ во Белград (од 28 февруари до 8 март), „Врба“ е во главната натпреварувачка програма, со прва проекција на 2 март и уште две на 3 и 4 март.

Потоа ќе биде прикажан на 40. Меѓународен филмски фестивал „Фантаспорто“ во Порто, Португалија (од 28 февруари до 8 март), еден од 20-те водечки во светот, каде филмот ќе биде прикажан на 6 март во програмата „Недела на режисери“.

Во март „Врба“ ќе ја има и американската премиера – во натпреварувачката програма на „Синеквест,“ еден од најстарите и најреномирани фестивали во САД (од 3 до 15 март) во Сан Хозе и Редвуд Сити, Калифорнија,

Исто така во март „Врба“ ќе биде прикажан и на 24. Интернационален филмски фестивал во Софија, кој ќе се одржува од 12 до 22 март.

По светската премиера на Римскиот филмски фестивал, „Брба“ беше дел од официјалните програми на фестивалите во Тајпеј и Талин.

Продукцијата соопшти дека поради голем интерес „Врба“ повторно се враќа во киното „Синеплекс“, а игра и во Кинотека и ќе продолжи да се прикажува во кината низ земјава. хс/дма/

Back to top button
Close
Close