Kultura.SlajderКултураКултура.Портал

Врачување на годишните награди на Друштвото на писателите

Во Друштвото на писателите денеска напладне ќе бидат врачени наградите за проза, поезија, есеј и за литература за деца за 2019 година и воедно ќе биде одбележана 73-годишнината од основањето на македонската писателска асоцијација.

Скопје, 13 февруари 2020 (МИА) – Во Друштвото на писателите денеска напладне ќе бидат врачени наградите за проза, поезија, есеј и за литература за деца за 2019 година и воедно ќе биде одбележана 73-годишнината од основањето на македонската писателска асоцијација.

Јован Стрезовски е добитник на наградата за проза „Стале Попов“ за книгата „Чувар на тајни“, на Панде Манојлов  му е доделена наградата за поезија „Ацо Шопов“ за поетската книга „Јужни реки“, Катица Ќулавкова за книгата „Поредокот на слободата: интерпретативен синкретизам“ е добитник на наградата „Димитар Митрев“ за критика и есеј и Зоран Пејковски за книгата „Мали детски разговори“ е годинашен добитник на наградата „Ванчо Николески“ за книга за деца и млади.

На свеченоста во ДПМ жири-комисиите ќе ги изложат образложенијата за своите одлуки и ќе бидат претставени книгите и нивните автори.

На конкурсот на ДПМ распишан во декември за најдобри книжевни остварувања во 2019-та пристигнале 57 наслови.

Оваа година нема да биде доделена петтата годишна награда – „Книжевен мост“ за книга објавена на некој од јазиците на националностите, затоа што, според жирито, пристигнатите книги во оваа категорија не ги исполнуваат жанровските и естетските критериуми. хс/са/ 

Back to top button
Close
Close