Дописници МКДОпштински вести

Врачени решенијата на добитниците на општински стипендии во Делчево

Врачени се решенијата на учениците и студентите од Делчево кои се здобија со стипендии за учебната и студиската 2019/20 година. Годинава, вкупно 18 средношколци кои аплицирале во двете категории согласно со објавениот јавен Конкурс и 10 студенти кои ги исполнија условите согласно со предвидените критериуми, ќе добиваат стипендии од буџетот на општината за период од девет месеци.

Делчево, 11 февруари 2020 (МИА) – Врачени се решенијата на учениците и студентите од Делчево кои се здобија со стипендии за учебната и студиската 2019/20 година. Годинава, вкупно 18 средношколци кои аплицирале во двете категории согласно со објавениот јавен Конкурс и 10 студенти кои ги исполнија условите согласно со предвидените критериуми, ќе добиваат стипендии од буџетот на општината за период од девет месеци.
Доделувајки им ги решенијата, градоначалникот Горан Трајковски истакна дека интенција на Општината е да се стимулираат младите за поголеми успеси во образованието.
– Годинава имаме зголемување на бројот на доделени стипендии, така што во транспарнетен процес доделивме вкупно 28 стипендии во четири категории. Потребите од зголемување на бројот на ученици кои ќе добиваат стипендии е резултат на големиот интерес за општински стипендии кај средношколците, кои со својот континуиран одличен успех и постигнатите резултати на натпреварите заслужуваат поддршка од Општината и е во согласнот со политиката за поддршка и мотивација на талентираните ученици за постигнување подобри резултати во образовниот процес, рече Трајковски.
Во насока на стимул на средношколците, Трајковски напомена дека се доделени и три стипендии на првенците на генерацијата во трите училишта, награди за освоени високи места на државни и меѓународни натпревари, а општината, како што додаде секоја година доделува и наградно патување низ Европа на 10-те најдобри матуранти од делчевската гимназија. За оваа намена од буџетот се издвоени вкупно 805 илјади денари.
Бројот на предвидени стипендии согласно со програмата на општината за оваа намена, како што потенцираа од општината се зголемува двапати во последниве две години, односно од 12 на 28 стипендии. Оваа година почитувајќи ги критериумите, комисијата одлучила да се доделат 18 ученички стипендии во двете категории и во износ од 1.000 денари, односно 1,500 денари и 10 студентски стипендии во износ од 2.000 денари, односно 3,500 денари.
Во насока на поддршка на обраованието од почетокот на новата школска година од септември 2020 општината воведе нова мерка со која од Буџетот ќе се издвојуваат парични средства во висина од 3.000 денари за секое прваче кое ќе го започне школувањето во делчевските основни училишта. вс/мд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close