0_Македонија.ПорталОпштество

Вработените во Минитерството за здравство се приклучија на еколошката акција

Вработените во Министерството за здравство денеска се приклучија на акцијата - Администрацијата чисти со граѓанската организација „Не биди ѓубре“. Министерот за здравство Венко Филипче и вработените во Министерството, акцијата ја спроведоа во општина Гази Баба, на улица „Индустриска“.

Скопје, 14 декември 2019 (МИА) – Вработените во Министерството за здравство денеска се приклучија на акцијата – Администрацијата чисти со граѓанската организација „Не биди ѓубре“. Министерот за здравство Венко Филипче и вработените во Министерството, акцијата ја спроведоа во општина Гази Баба, на улица „Индустриска“.

-Пораката што денеска ја испраќаме е во секој момент, секој од нас да внимава што остава зад себе. Целиме кон Европа и време е така секој од нас да размислува. Да се потрудиме градот да биде чист секогаш и секој ден, да не е ова само акција што ќе трае денес, а утре ќе се заборави. Секое ѓубре треба да биде фрлено во отпад, а не на улица. Повикуваме на грижа за околината во која живееме, рече министерот Филипче.

Во општина Гази Баба на јавните површини во акцијата учествуваа над 500 вработени во државната администрација, пред се од администрација на општина Гази Баба со целосната механизација на ЈКП Гази Баба 2007, како и од Министерството за здравство, од Фондот за здравствено осигурување, од Државниот санитарен инспекторат, од Здравствен дом Скопје, Агенцијата за лекови и медицинска опрема, Агенција за квалитет и акредитација на здравствените установи, Управата за електронско здравство, како и Задовот за рехабилитација на деца и младинци.

-Таргетот ни е комплетната улица на “Перо Наков” и “Индустриска”, каде што селектирано го чистиме целиот отпад, посебно ќе се селектира пластиката и останатиот дел на отпад. Вклучени се сите екипи на ЈКП Гази Баба, по завршувањето на акцијата целиот смет се носи во Дрисла. Се надевам дека ваквиот успешен дел ќе влијае и на граѓаните и на подигнувањето на свеста затоа што ова го имаме на оваа јавна површина говори дека во периодот што ни следи сите институции треба да работиме во делот на подигнување на свеста, на селектирањето на отпадот, а пред се на заштита на животната средина затоа што тоа е многу битно за нас, како администрација, изјави градоначалникот на општината Борис Георгиевски.

Тој додаде дека општина Гази Баба е најголема општина во град Скопје и токму затоа тешко е за одржување особено кога се преплетуваат и надлежностите. – ЈП Комунална хигиена одржува само дел од главните и сервисни улици, останатиот дел ќе треба ние граѓаните и преку вакви акции во континуитет да ги продолжиме се со цел да ја одржуваме здрава и чиста животната средина, рече Георгиевски.скс/

Back to top button
Close
Close