ЕвропаЕвропа.Портал

Вработени на италијански Телеком во притвор поради злоупотреба

Италијанската полиција стави 13 лица во домашен притвор, меѓу кои и некои вработени во „Телеком Италија“ (ТИМ), по наводна злоупотреба на податоци во кои биле украдени лични податоци на околу 1,2 милиони клиенти, се сомневаат обвинителите.

Рим, 26 јуни 2020 (МИА)Италијанската полиција стави 13 лица во домашен притвор, меѓу кои и некои вработени во „Телеком Италија“ (ТИМ), по наводна злоупотреба на податоци во кои биле украдени лични податоци на околу 1,2 милиони клиенти, се сомневаат обвинителите.

Поштенската полиција соопшти дека податоците на клиентите на различни телефонски компании, кои се заеднички складирани во просториите на ТИМ за пренос на податоци, биле продадени во центрите за повик во појдовна мрежа, кои подоцна ги користеле за комерцијални цели.

„Истрагата започна во февруари по жалбата на ТИМ, која откри неколку неовластени пристапи до базата на податоци во претходните месеци. Истрагата откри „многу сериозни“ инциденти кои ја оштетија компанијата и целиот телекомуникациски сектор“, наведува ТИМ.

Компанијата покрена дисциплински мерки против сите вработени вклучени во малверзацијата. паг/

 

 

Таг
Back to top button
Close
Close