Дописници МКДХроникаХроника.Портал

Вработен во УЈП Тетово приведен поради примање поткуп

Вработен во УЈП Тетово, денеска околу 12 часот и 30 минути на улица „Кеј Вардар“ во Гостивар, е приведен од  полициски службеници поради барање и примање поткуп. МВР соопшти дека станува збор за лицето М.А (38), кој како вработен во УЈП Тетово побарал од гостиварецот M.A, 300 евра за да не му биде затворен неговиот објект, откако пред една недела при контрола во објектот биле констатирани одредени законски недостатоци.

Скопје, 4 февруари 2020 (МИА) – Вработен во УЈП Тетово, денеска околу 12 часот и 30 минути на улица „Кеј Вардар“ во Гостивар, е приведен од  полициски службеници поради барање и примање поткуп. МВР соопшти дека станува збор за лицето М.А (38), кој како вработен во УЈП Тетово побарал од гостиварецот M.A, 300 евра за да не му биде затворен неговиот објект, откако пред една недела при контрола во објектот биле констатирани одредени законски недостатоци.

– Побараните средства претходно биле крим-технички обработени и му биле дадени на М.А, кој се обидел да се ослободи од нив, но бил фатен и спречен во намерата. М.А. е задржан во Полициската станица Гостивар и во консултација и координација со Јавен обвинител од ОЈО Гостивар ќе му биде изготвен соодветен поднесок”, информираат од МВР. згм/оџ/

 

Back to top button
Close
Close