Дописници МКДНекатегоризираноОпштински вести

ВПСК ,,Неготино” одложи планинарска акција поради Ковид-19

Поради пандемијата од вирусот Ковид-19 се одлага планинарската акција која традиционално секоја година се реализира овие денови  во Неготино, во чест на 8-ми Ноември, денот на ослободувањето на градот.

Неготино, 28 октомври 2020 (МИА) –  Поради пандемијата од вирусот Ковид-19 се одлага планинарската акција која традиционално секоја година се реализира овие денови  во Неготино, во чест на 8-ми Ноември, денот на ослободувањето на градот.

-ВПСК ,,Неготино” ги известува сите клубови кои беа заинтересирани за акцијата и најавија дека ќе дојдат, дека таа се одлага за некое подобро време. Во разговор со стручно лице доктор, ни беа дадени препораки како да се однесуваме во услови на коронавирус.  Не сакаме во несакана ситуација да се најде клубот, поради евентуално поголемиот број на учесници во акцијата, информираа од управата на клубот.

Оттаму се извинија  на сите клубови кои изразија интерес за акцијата и изразија надеж за многу други заеднички планинарски дружења во иднина. свд/ир

Back to top button
Close
Close