0_Спорт.ПорталРезултатиТенис

Вознијацки си обезбеди четвртфинале во Окленд

Данската тенисерка Каролине Вознијацки ќе игра во четвртфиналето на ВТА турнирот во Окленд, откако претпладне во второто коло ја совлада Лорен Дејвис во во три сета.

Окленд, 9 јануари 2020 (МИА) – Данската тенисерка Каролине Вознијацки ќе игра во четвртфиналето на ВТА турнирот во Окленд, откако претпладне во второто коло ја совлада Лорен Дејвис во во три сета.

Во меч што траеше два часа и 20 минути Вознијацки ги доби првиот и третиот сет со 6:1 и 6:4, Американката беше поуспешна во вториот со 6:4.

Противничка на Вознијацки во следната фаза ќе биде Јулија Гергес од Германија.

Наградниот фонд на турнирот во Нов Зеланд изнесува 251.750 долари. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close