Дописници МКДОпштински вести

Возило удри во ѕид пред бензинска пумпа до магистралата А3 кај Делчево

Возило Алфа-Ромео удри во ѕид пред бензинска пумпа на Макпетрол на магистралата А3 на влезот во Делчево.

Делчево, 16 април 2021 (МИА) – Возило Алфа-Ромео удри во ѕид пред бензинска пумпа на Макпетрол на магистралата А3 на влезот во Делчево.

Увид на местото на несреќата врши екипа од сообраќајната полиција во Делчево. Оттаму информираат дека возилото удрило во дел од ѕид пред бензинската, а притоа зафатило и лимен банер кој стоел во близина на местото.

Од полицијата додадоа дека настанот се случил околу 18:15 часот, а дополнителни информации за причината за несреќата најавија во текот на вечерта.вс/свс

Таг
Back to top button
Close
Close