Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Возачот намерно влетал во карневалската поворка, потврди полицијата на Волкмарсен

Мажот кој денеска со автомобил влета во карневалската поворка во германскиот град Волкмарсен и притаа повреди најмалку 30 лица, вклучувајќи и деца, тоа го сторил намерно, потврди полицијата.

Берлин, 24 февруари 2020 (МИА) – Мажот кој денеска со автомобил влета во карневалската поворка во германскиот град Волкмарсен и притаа повреди најмалку 30 лица, вклучувајќи и деца, тоа го сторил намерно, потврди полицијата.

Возачот е уапсен, но полицијата не можеше веднаш да соопшти детали за мотивите за насилниот упад на прославата во градот, што се наоѓа на 280 километри југозападно од Берлин.

-Работиме врз претпоставката дека станува збор за намерен напад, рече портпаролот на полицијата Хенинг Хин, наведувајќи дека меѓу повредените има и такви со повреди опасни по животот, како и деца.

Според портпаролот на полицијата, возачот на автомобилот кој влета во карневалската поворка бил 29-годишен германски државјанин, јави ТВ Хесенесау. сд/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close