Дописници МКДОпштински вести

Возач на мопед повреден во сообраќајка во Неготино

Возач на мопед бил повреден синоќа во сообраќајна незгода во Неготино. Како што потврдија за МИА од МВР, несреќата се случила во 21 часот на улицата „Партизанска“.

Неготино, 18 јуни 2021 (МИА) – Возач на мопед бил повреден синоќа во сообраќајна незгода во Неготино.

Како што потврдија за МИА од МВР, несреќата се случила во 21 часот на улицата „Партизанска“.

-Сообраќајна незгода се случила помеѓу мопед со странски регистарски ознаки, управуван од педесетгодишник од Неготино и патничко возило „опел вектра“, со велешки регистарски ознаки, управувано од 54 годишен неготинец. Во незгодата со повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Општата Болница Кавадарци. Увид на местото извршила екипа од Полициски станица Неготино, соопштија од МВР. свд/мч/

Back to top button
Close
Close