СветСвет.Портал

Воз излета од шините кај Мелбурн, двајца загинати

Две лица загинаа, а неколку се повредени кога патнички воз излета од шините кај Мелбурн, соопшти австралиската полиција.

Сиднеј, 20 февруари 2020 (МИА) – Две лица загинаа, а неколку се повредени кога патнички воз излета од шините кај Мелбурн, соопшти австралиската полиција.

Несреќата се случила синоќа, на околу 50 километри од Мелбурн.

Возот, во кој се наоѓале околу 160 патници, патувал од Сиднеј за Мелбурн.

Весникот „Ејџ“, повикувајќи се на Службата за итна помош, пишува дека пет лица се префрлени во болница, а неколку се полесно повредени. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close