Општински вестиСкопје

Воведени „јасли“ во детската градинка „Гоце Делчев“ во Општина Илинден

Општина Илинден овозможи згрижување на деца од најмалата група на возраст од 9 до 24 месеци, односно воведе „јасли“ во детската градинка Гоце Делчев

Скопје, 30 декември 2020 (МИА)- Општина Илинден овозможи згрижување на деца од најмалата група на возраст од 9 до 24 месеци, односно воведе „јасли“ во детската градинка „Гоце Делчев“.

Како што информираат од општина Илинден, уреден е засебен дел од објектот на градинката кој располага со сопствен влез.Набавена е потребната опрема и инвентар за престој на децата од јаслените групите. Најмалите дечиња ќе бидат згрижени во две групи, во едната ќе престојуваат деца на возраст од 9 до 18 месеци, а во другата деца на возраст од 18 до 24 месеци.

Додаваат дека воведувањето на јасли во градинката Гoце Делчев, која има капацитет за згрижување на 450 дечиња, се овозможила со изградбата на новата детска градинка во Миладиновци којa е со капацитет од 90 дечиња.

-На овој начин во двете градинки, се воведени јасли за згрижување на деца од најмладата група, како и се овозможени просторни капацитети за згрижување на сите деца до шест годишна возраст согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца по укинување на вонредната состојба, стои во соопштението од општина Илинден.свс/са/

Back to top button
Close
Close