СветСвет.Портал

Вооружен маж влегол во резиденцијата на Трудо во Отава

Канадската полиција уапси вооружен човек кој влегол на територијата на дворот каде што во Отава се наоѓа домот на премиерот Џастин Трудо и генералниот гувернер на земјата, Џули Пајет.

Отава, 2 јули 2020 (МИА) – Канадската полиција уапси вооружен човек кој влегол на територијата на дворот каде што во Отава се наоѓа домот на премиерот Џастин Трудо и генералниот гувернер на земјата, Џули Пајет.

Осомничениот, чие име не е објавено во очекување на официјални обвиненија, успеал да влезе во имотот околу 6:40 часот претпладне по локално време.

– Човекот беше уапсен веднаш по инцидентот. Тој во моментов е во притвор и се сослушува, соопшти Кралската канадска полиција на Твитер.

Канадскиот премиер и гувернерката не биле на имотот во моментот на инцидентот. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close