Дописници МКДОпштински вести

Вонредни активности за дезинфекција на улици и јавни површини по зголемениот број на случаи од Ковид-19 во Делчево

Во рамки на мерките што ги презема Општина Делчево за спречување од ширење на заразата од Ковид-19, екипи на Територијалната противпожарна единица Делчево, вечерва и утре во периодот по 22 часот ќе вршат миење и дезинфекција на улиците и јавните површини во градот. 

Делчево, 18 август 2020 (МИА) – Во рамки на мерките што ги презема Општина Делчево за спречување од ширење на заразата од Ковид-19, екипи на Територијалната противпожарна единица Делчево, вечерва и утре во периодот по 22 часот ќе вршат миење и дезинфекција на улиците и јавните површини во градот.
Дезинфекцијата, како што информираа надлежните, ќе се врши со раствор од хлор за што Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ има набавено доволни количини.
-Паралелно, претставници на куќните совети од колективните згради за домување се известени преку соопштение дека е потребно да извршат дезинфекција на влезовите, скалите и просториите кои заедно ги користат. Потребното средство за дезинфекција можат да го набават од ТППЕ Делчево секој ден, истакнаа од Општината.
Редовната дезинфекција на просториите на административната зграда на Општина Делчево, како што дополнија, ќе се изврши на 21 август 2020 година во 15:30 часот.
Вонредните активностите се резултат на зголемениот број на активни случаи на Ковид-19, кои заклучно со вчерашниот ден изнесуваат пет лица кои се позитивни на Ковид-19 во Делчево. вс/мд/

Back to top button
Close
Close